Зачестени пријави за измами во Битола со златни легури

СВР Битола/Фото: МИА

Секторот за внатрешни работи Битола информира дека во последниот период забележани се пријави од граѓани, сопственици или вработени лица во златарници на подрачјето на Битола, за сторени измами од лица кои нудат злато за откуп.

Од СВР-Битола посочуваат дека при проверка на откупеното злато било утврдено дека од надворешната страна е златна легура, но при пресек се утврдувало дека не станува збор за накит или предмет од злато.

-Со цел спречување на понатамошни вакви измами и злоупотреби ги предупредуваме граѓаните, посебно златарниците, да бидат исклучително внимателни при откуп и продажба на злато и златен накит, а секое сомнително лице и сомнителен настан да го пријават на телефонските броеви 192 или 112, на најблискиот полициски службеник или во полициска станица, соопштија од СВР-Битола

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот