„Зачекори во Здраво Скопје“ – авантуристичка тура низ градот по повод 56 години од земјотресот

Утре во организација на издавачки центар ТРИ, ќе се одржи првата авантуристичка тура низ градот – „Зачекори во Здраво Скопје“, инспирирана од интерактивниот водич „Здраво Скопје“ од авторското дуо Кокидо, а по повод одбележување на 56 години од скопскиот земјотрес.

„Во соработка со „Музеј на Град Скопје“, од каде доаѓа подготвен водич за да ги едуцира најмалите, и јавното претпријатие „ЈСП – Скопје“, кое обезбеди панорамски автобус за учесниците, предвидено е децата да го доживеат градот во едно несекојдневно и авантуристичко издание. Карванот ќе посети 10 значајни и автентични локации, а ќе биде проследен со многу изненадувања, игри и забава“, се вели во соопштението.

Зборно место е фонтаната во Градскиот парк, а крајна дестинација е Музејот на Град Скопје. Целта на оваа авантура низ Градот е преку едукативна, забавна содржина најмалите да го запознаат градот од спомените на возрасните и да ја почувствуваат вистинската магија на Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот