Забрзан пад на заразени со коронавирусот во Шведска, властите не се сигурни зошто

Фото: Профимедиа

Главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел изјави дека од почетокот на јули дошло до забрзан пад на бројот на заразени лица со коронавирусот.

– Но, зошто се случи точно во тоа време и зошто беше толку ненадејно, мислам дека е малку тешко тоа целосно да го сфатиме, рече Тегнел во интервју за шведскиот портал „Локал”.

Тој додаде дека падот на бројот на новозаразените изгледа дека не е поврзан со празниците или некоја мерка преземена од здравствените власти.

– Веруваме дека зголемувањето на бројот на имуните луѓе кај населението има врска со тоа, но навистина не знаеме точно, рече Тегнел.

Тој смета дека намалувањето на бројот на случаи на коронавирус во јули во Шведска покажало дека нивната стратегија, според која повеќето од строгите мерки воведени од повеќето земји беа избегнати, на некој начин успеала.

– Бројките во Шведска покажуваат дека може да има брз пад на бројот на случаи без затворање, додаде шведскиот епидемиолог.

Тегнел призна дека бројот на нови случаи на коронавирус е зголемен малку во текот на изминатата недела, особено кај младите.

– Но, се чини дека можеме да се справиме со тоа, рече Тегнел.

Тој истакна дека една од работите што сега се знае за коронавирусот е дека станува збор за многу непредвидлива болест.

Според најновите податоци, од коронавирусот во Шведска до сега починале 5.763 луѓе, речиси пет пати повеќе отколку во Данска, Норвешка и Финска.

Откривањето и изолацијата ќе бидат клучни за успехот или неуспехот во спречувањето на ширењето на коронавирусот во следната фаза на пандемијата, процени Тегнел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот