Забрчанец: Се шири срамна монтажа дека граѓани на Мечкин Камен скандирале „Северна, Северна“

Марјан Забрчанец
Марјан Забрчанец / Фото: Архива на „Слободен печат“

Советникот Марјан Забрчанец на својот Фејсбук профил објави дека видеото кое го објавија неколку портали, а на кое група на граѓани наводно скандирале „Северна, Северна“, е „срамна монтажа“.

Забрчанец напиша и дека станува збор за ново ширење на лажни вести.

„Дезинформаторите шират срамна монтажа во која лажат дека граѓаните наводно скандирале „Северна Северна” на Мечкин Камен.

Тоа е лажна, фејк, тажна продукција од нивните подрумски центри за манипулација. Тоа доаѓа од оние кои не можат да се помират дека во нашата земја доминира и победува концептот на заедништвото.

Денес во Крушево ечеше од зборовите Илинден, македонски, Македонија, заедно, иднина. Тие што беа на Мечкин Камен знаат дека денес граѓаните заедно ја пееја „Денес над Македонија се раѓа…”. Денес се скандираше за иднината, за Републиката, за химната, за македонскиот јазик.

Во Крушево ечеше паролата „Сите сме деца на Илинден!”, напиша Забрчанец на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот