Забрчанец: Медиумите дадоа сериозен придонес во спасување човечки животи, но неопходна е кампања за едукација за вакцините

Марјан Забрчанец
Марјан Забрчанец / Фото: Архива на „Слободен печат“

Медиумите одиграа значајна, можеби најважна улога, бидејќи ако не беа медиумите, медиумските платформи, дигиталните платформи, сигурен сум дека властите во било која држава ќе имаа сериозен проблем да допрат до граѓаните и навреме да ги информираат за заштитните мерки од ковид-19, истакна националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата Марјан Забрчанец, во интервју за телевизија Тера.

Тој им честиташе на сите медиумски работници за професионализмот и посветеноста со која ја информираат јавноста не само за вакцинацијата, туку од самиот почеток кога се учевме сите себе си како да се поставиме виза ви заштитните мерки, односно јавноста во целиот свет учеше кои мерки се најефикасни.

Се уште сте на браникот на борбата со опасниот вирус, не само сега за време на вакцинацијата туку уште од самиот почеток, ако не беа заштитните мерки и начинот на којшто се информираше за нив, ние ќе имавме многу повеќе заболени и за жал многу повеќе мртви, рече Забрчанец.

Медиумите и медиумските работници имаат придонес во спасување човечки животи и благодарност во име на Владата, нагласи националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата Марјан Забрчанец.Во овој момент добиваме информации од различни истражувања дека само половина од населението во Северна Македонија е подготвено да се вакцинира. Тоа подразбира дека мораме да ја интензивираме комуникацијата, едукацијата и информираноста на населението, што подразбира нужна потреба од кампања од јавен интерес, едукативна и информативна, којашто во никој случај не смее и не може да биде политичка, ни идеолошка, бидејќи вирусот не бира ни по раса, ни по вера, ни по политичка припадност, истакна националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата Марјан Забрчанец, во разговор за телевизија Тера.

Тој нагласи дека праксата од минатото, кога претходната власт, која злоупотребуваше и користеше милиони средства пари на граѓаните под превезот на владино рекламирање, со цел да корумпира медиуми, не постои повеќе.

Не е исто дали ќе одите со кампања против абортус, која, што би рекол го дели народот идеолошки или ќе водите кампања за вакцинација од ковид, која де факто спасува животи на сите, истакна Забрчанец.

Во член 102 од Законот за АВМ ќе предложиме измена, која предвидува дефинирање на исклучок од забраната со цел да се може да се предвидат средства од буџетот за да се информираат граѓаните во случај на потреба на заштита на јавно здравје, заштита на безбедноста или други теми од висок јавен интерес, како што е на пример пописот, борба против корупција, рече Забрчанец.

Тој нагласи дека со предложените измени ќе остане на сила забраната за владино себерекламирање и за политички кампањи што го делат народот.

Во предлогот има два клучни заштитни механизми, и тоа формирање независна комисија, тело кое што ќе дава мислење дали одредена тема е од јавен интерес или не, да не ни текне нам ни на некоја идна влада, да си прави кампањи за се и сешто како што беше примерот со претходните, рече Забрчанец, додавајќи дека вториот заштитен механизам е распределбата на буџетските средства, која нема да ја прави владата, туку софтвер со точно утврдени критериуми, кој клуч за распределба може да го администрира и оперира кој било субјект, нека бидат тоа новинарските здруженија.

Потенцираме дека по предлогот што го дефинираме, ќе следат состаноци со сите здруженија, медиумски работници, сите заинтересирани, а заштитните механизми ќе се проверат со Венецијанската комисија, нагласи националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата Марјан Забрчанец, во разговор за телевизија Тера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот