Забрчанец: Со Отворен Балкан стануваме пазар од 12 милиони жители и голема инвестициска зона

Марјан Забрчанец, Национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи
Марјан Забрчанец, Национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи / Утрински брифинг

Со Отворен Балкан пред големите странски инвестиори сега ние нема да бидеме пазар со два, туку сме пазар со 12 милиони жители, што значи потенцијалот на регионот за странско инвестирање станува далеку поатрактивен и поисплатлив и наскоро регионот ќе биде инвестициска дестинација, изјави вечерва националниот координатор за „Отворен Балкан” Марјан Забрчанец.

Забрчанец, во гостувањето на телевизија Сител, појасни дека „Отворен Балкан” е слободен проток на луѓе, стоки и услуги.

-Станува збор за подобри односи помеѓу самите држави. Да илустрирам со пример, камионите кои транспортираат одредена стока не чекаат долго по граници и на контролни пункови, туку поминуваат многу поедноставно и побрзо. Ние и веруваме на контролата на Албанија и на Србија, а тие и веруваат на нашата контрола. Ако камион со лубеници од Албанија треба да патува кон Србија ќе биде проверен еднаш или ниеднаш. Ако на тој камион му требале 30 часа да ги мине сите процедури и контроли и гранични точки, сега тоа се прави далеку побрзо и поефикасно, за само неколку часа, изјави Забрчанец.

Тој посочи дека сега се во фаза на подготвка на софтвер за слободен пазар на труд со Србија и Албанија, односно признавање на дипломите и да се тргнат работните дозволи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот