Забрането е ракувањето, еве како тенисерите се поздравуваат со судијата! (ВИДЕО)

фото: твитер

По подолг период поради Ковид-19, тенисот е повторно активен на терените ширум светот во машка и женска конкуренција.

После голема борба во првото коло на тенискиот Мастерс турнир Синсинати, Енди Мареј го совлада Френсис Тиафо со 7:6, 3:6 и 6:1. За Британецот ова беше прв триумф во 2020 година и во следната рунда ќе се соочи со петтиот тенисер на светот Александр Зверев.

Веднаш после завршувањето на мечот секако следува поздравувањето, а поради пандемијата на коронавирус забрането е ракувањето.

Прво тенисерите се поздравија со тупаници, тоа може да се направи и со рекетите. Тиафо во обид да постапи како по традиција, ја пружи раката кон главниот судија, но за возврат доби нога.

Така е според протоколот со кој натпреварувачите се веќе запознаени, и двајцата тенисери удрија со своите рекети по патиката на судијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот