ФОТО | Забранетата љубов на Тито: Починала многу млада, а тој никогаш не ја преболел!

Foto

Првата љубов на Јосип Броз Тито била Даворјанка Пауновиќ. Во периодот кога го сретнала таа била во емотивна врска со Јово Капичиќ, студент по медицина со кој се запознала кон крајот на 1939 година, а Тито бил во вонбрачна врска со Херта Хас, која тогаш била бремена.

Даворјанка Пауновиќ / Фото: Википедија

За време на престојот на Тито во окупираниот Белград , од мај до септември 1941 година, Даворјанка била неговата специјална курирка.

Тито престојувал во Дедиње, во вилата на семејството Ненадовиќ, а Даворјанка била во непосредна близина на Румунската улица.

Кон крајот на март во 1941 година, таа ги посетила своите родители во Пожаревац и им рекла дека заминува на сигурно место за да не се грижат. Потоа во Белград се збогувала од тогашното момче и му соопштила дека партијата ја пратила на задача.

За време на престојот на Тито во Белград се развила љубовта помеѓу него и Даворјанка. Било тоа „забранета љубов“ помеѓу „обична девојка“ и генералниот секретар на КПЈ, кој од неа бил постар скоро 28 години.

На Тито не му се допаѓало тоа што таа била импулсивна и одлучна, а истовремено нежна и емотивна девојка.

Даворјанка и нејзините другарки, од лево кон десно: Радмила Трифуновиќ, Даворјанка Пауновиќ, Вера Милетиќ и Слободанка Стефановиќ. Даворјанка е единствената која ја преживеала војната, додека трите настрадале. Радмила Трифуновиќ загина и прогласена е за народен херој, додека Вера Милетиќ и Слободанка Стефановиќ трагично настрадале.

Нејзината убавина, елеганција и постапки ја правеле вистинска дама. Тито поради нејзината храброст, одважност, темперамент, отменост и познавање на странски јазици, се чувствувал дека со неа полесно ќе ги завршува задачите кои му претстојат.

За време на целата Национално-ослободителна борба, Даворјанка била покрај Тито и Врхониот штаб НОВ и ПОЈ – го поминала воениот пат од Ужице, преку нивниот престој во Санџак и Фоча, маршот кон босанската Краина, битките на Неретва и Сутјеска, слетувањето на Дрвар се додека не стигнала до Вис.

Тито и диктира на Даворјанка / 1942 година, Зеленагора

Кога за време на битката на Сутјеска на 9 јуни во 1943 година Тито бил ранет во раката, Даворјанка била таа која му дала помош. Заедно со Раде Ристановиќ, таа му пружила прва помош и му ја завиткала ранетата рака. Заедно со Тито поминале низ најлошите искуства од партизанското војување.

Учеството во долгите и напорни маршови, како и во непријателските офанзиви, посебно се одразило на нејзиното нежно здравје. Во јуни 1944 година Тито успеал да ја убеди да дојде во Советскиот Сојуз на лечење.

На почетокот од 1946 година таа повторно се разболела и добила запаление на десното белодробно марамче.

Најпрво била лекувана во Белград, а потоа била упатена во санаториумот во Голник, кај Крајна, каде починала на 1 мај 1946 година. По лична желба, била погребана во кругот на Дворскиот комплекс на Дедиње во близина на Белиот двор.

Како својата голема љубов, Јосип Броз Тито пред крајот на својот живот се одлучил да не биде погредан на гробишта. Како место на своето вечно почивалиште го одбрал дворот на својата резиденција во Ужичка 15, односно зимската градина денес позната како Куќата на цвеќето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот