Забранета љубов не е причината за трагедијата во Штип, родителите девојката сакале да ја омажат за друг

фото МВР

По самоубиството на 25-годишното момче, чие што тело беше пронајдено на локалитетот Баргала, животот си го одзеде и 22 годишна девојка од село Аргулица.  Според првичните информации, дека во прашање е невозвратена љубов, Јавното Обвинителство негира и вели дека самоубиствата се поради поради  други недоразбирања на сопружниците кои се разделиле и последнава година не живееле заедно, пренесува СДК.МК.

-Роднини и пријатели на момчето, кое е син на штипски полицаец, велат дека тој бил разочаран што се разделил од сопругата, па кога дознал дека нејзините сакале да ја омажат за друг решил да се самоубие. Кога дознала за неговата смрт и сопругата одлучила да се самоубие, во една помошна просторија од нивната куќа во селото Аргулица.

Основен јавен обвинител кој извршил увид на местата на самоубиствата работи и на утврдување на причините и мотивите за самоубиството, се вели во извештајот.

Двојна трагедија во Штип: Се обеси и девојката на момчето коешто вчера си го одзема животот

Видео на денот