Забранет влез за англиските навивачи на натпреварот со Украина

epa09277793 General view of the stadium prior to the UEFA EURO 2020 group A preliminary round soccer match between Italy and Switzerland in Rome, Italy, 16 June 2021. EPA-EFE/Andreas Solaro / POOL (RESTRICTIONS: For editorial news reporting purposes only. Images must appear as still images and must not emulate match action video footage. Photographs published in online publications shall have an interval of at least 20 seconds between the posting.)

На англиските навивачи кои ќе патуваат во Рим за четвртфиналниот натпревар на Европското фудбалско првенство против Украина, ќе им биде забранет влез на стадионот поради ограничувањата кои се во сила во Италија поради коронавирусот.

Италијанската амбасада во Лондон денеска објави дека поради ограничувања во врска со коронавирусот во земјата, „секој што бил во Велика Британија во последните 14 дена, без оглед на националноста и престојот, нема да може да влезе на стадионот, дури и доколку тие имаат билет – објави „Скај“.

Досега Англија ги одигра сите натпревари на Европското првенство оваа година на „Вембли“ во Лондон, а четвртфиналниот натпревар против Украина се игра во сабота (3 јули) со почеток во 21.00 часот на Олимпискиот стадион во Рим.

Секој што ќе пристигне во Италија од Велика Британија, ќе мора да помине пет дена во изолација.

– Само оние кои можат да докажат дека пристигнале во Италија пред шест дена и поминале пет дена во карантин, а после тоа се тестирале негативно на вирусот корона, ќе можат да влезат на „Олимпико“ – се вели во соопштението.

Во соопштението се посочува дека ослободувањето од карантин од каква било правна причина нема да значи дозвола за влез на стадионот.

Германците ја критикуваат УЕФА, неприфатливо е на стадион да има 40.000 навивачи

– Затоа, навивачите од Велика Британија не треба да патуваат во Италија за натпреварот во сабота на Олимпискиот стадион во Рим – стои во соопштението.

Првите луѓе на англискиот фудбал преку социјалните мрежи информираа дека се откажаа од 2.500 доделени влезници на кои инаку имаат право за четвртфиналниот натпревар со Украинците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот