Забранет е влезот во САД за партнерката на Борис Џонсон

Американските власти забранија влез во Соединетите Американски Држави на партнерката на британскиот премиер Борис Џонсон, Кери Сајмондс.

Како што се наведува, причина за забраната е тоа што Сајмондс, која е пријателка со Нимко Али, активистка која се бори против генитално сакатење на жените, минатата година ја посетила самопрогласената африканска република Сомалиленд, која се наоѓа во Сомалија.

Сајмондс побарала дозвола за влез во САД за да учествува во активностите на непрофитната организација за заштита на океани, но била одбиена, пишува „Дејли меил”.

Британците кои во САД патуваат преку системот ЕСТА, електронски систем за одобрување престој во САД кој им овозможува без виза да поминат 90 дена, од март 2011 година мора да одговорат и на прашањето дали некогаш ја посетиле Сомалија и Сомалиленд.

САД не ја признава Сомалиленд како независна држава, туку ја смета како дел од Сомалија.

Нимко Али на Твитер напиша дека Сомалиленд е нејзина татковина и најдобро чувана тајна на Африка. Сајмондс нема никаква улога во Владата на Борис Џонсон.

Засега, ниту Кери Сајмондс, ниту британската Влада не ја коментираа американската забрана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот