Забраната за летови меѓу Грција и Србија до 15 јули

Авион / Фото: Архива

Поради епидемијата во Грција и со цел да се заштитат патниците и граѓаните од пандемијата на Ковид-19, Агенцијата за цивилно воздухопловство издаде нови упатства (NOTAM) за вонредна забрана на летови меѓу Грција и Србија, како и забрана за влез на српски државјани заклучно со 15 јули во 23.59 часот, јави дописничката на МИА од Атина.

Исклучок од забраната се членови на семејствата на државјани на ЕУ, граѓани од Шенген зоната, патувања од есенцијални причини, здравствен персонал, научен персонал, државјани на трети земји кои имаат дозвола за долг престој во европска земја,студенти, транзит летови, владин, дипломатски, воен, хуманитарен персонал и сл.

Во однос на образецот „Passenger Locator Form” (PLF)  задолжителен за сите посетители на Грција, од Агенцијата за цивилно воздухопловство соопштуваат дека од 9 јули патниците од меѓународните летови, ќе треба да го пополнат 24 часа пред чекирањето, а не 48 часа како што беше досега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот