Забрана за влез на Косово за Вулин

фото Архива

На српскиот министер за одбрана Александар Вулин, како и на делегацијата за воено здравство денеска им беше забранета посета на Косово, соопштуваат од неговиот кабинет.

Како што пренесуваат српските медиуми, било предвидено Вулин и уште неколку началници да го посетат Клиничко-болничкиот центар во Косовска Митровица.

Во одговорот кој стигнал до Вулин од Приштина, се наведува дека „не се во можност позитивно да одговорат на барањето“.

Во соопштението од кабинетот на Вулин пишува дека со оваа забрана „уште еднаш се покажува дека Рамуш Харадинај лаже“ и додаваат дека планираната посета била од исклучиво хуманитарен карактер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот