Забрана од Трамп: Овие држави нема да добиваат визи од САД

Во интервју за Волстрит Џурнал, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува да додаде некои земји на списокот со забрани за патувања, но одби да ги прецизира.

Администрацијата на претседателот на САД, планира да вклучи седум држави – Белорусија, Еритреја, Киргистан, Мјанмар, Нигерија, Судан и Танзанија – во својот  список за забрана за издавање визи.

Некои земји ќе се соочат со забрани за само одредени категории на визи, објави Волстрит Џурнал. Списокот на земји не е конечен и подлежи на промени, според  „Политико”.

Во интервју за Волстрит Џурнал, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува да додаде некои земји на списокот со забрани за патувања, но одби да ги прецизира.

Според „Политико”, објавата се очекува в понеделник.

Ваквиот потег веројатно ќе ги влоши односите меѓу САД и земјите погодени од проширената забрана. На пример, Нигерија – која е најголемата економија во Африка и најнаселена земја на континентот – е американски сојузник во борбата против тероризмот и има голема дијаспора во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот