Заборавете на јајцата, тајната на совршено похување се наоѓа во пивото: Пилешки коцки полнети со путер

Фото: Профимедиа

Еден ден од викендот е секогаш резервиран за похувано бело месо и компири, било печени или пире. Ако сакате малку да ги промените работите и месото да го направите на поинаков начин, тогаш пробајте похувани пилешко коцки полнети со путер. Ароматични, сочни и вкусни, ќе ве воодушеват уште на првиот залак.

Слободно исфрлете ги јајцата од смесата за похување, бидејќи пивото измешано со брашно исто толку добро ја врзува смесата и го прави месото нежно и сочно.

Состојки:

– 500 г бело месо
– 150 г путер
– 150 г сирење чедар
– 20 г мирудија
– 200 г брашно
– 250 мл пиво
– 150 г презла

Подготовка:

Месото исечете го на тенки шницли и исчукајте го, а потоа секое парче посолете го и зачинете го. Путерот на собна температура измешајте го со рендано сирење чедар и сечкана мирудија. Добро измешајте, па ставете го на проѕирна фолија и со прстите малку распоредете го и обликувајте го во квадрат. Уште еднаш превиткајте го со проѕирна фолија, па затворете го, а потоа развлечете го со сукало за да добиете подебел квадрат. Ставете во замрзнувач половина час. Исечете на коцки и ставете во средината на секоја шницла. Преклопете прво по должина, а потоа и по ширина, за месото да се покрие со цела коцка путер. Завиткајте во проѕирна фолија и наредете во тесен сад и вратете во замрзнувач половина час. Брашното и пивото измешајте ги и добро соединете, па секоја коцка месо (задолжително отстранете ја проѕирната фолија) валкајте ја прво во смесата, па во презлата. Пржете во загреано масло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот