Заборавената генијалка Милева Ајнштајн: Помогнала да се открие една од најважните теории во физиката, а животот го живеела во сенка!

Милева Мариќ Ајнштај била талентирана физичарка и најважната и најдоверливата соработничка и сопруга на Алберт Ајнштајн. Меѓутоа, љубовта и бракот со нив ѝ донеле и години мака, несреќа и непризнаена заслуга – како научник, мајка и сопруга.

Алберт Ајнштајн се смета за еден од најголемите умови некогаш – магионичар за природните науки и човек чиј бистар ум ги реше некои од клучните мистерии на универзиумот.

Алберт Ајнштајн

Дури и оние кои не знаат ништо за науката, физиката и теориите на релативитет, кои беа неговиот најважен научен труд и откритието кое му донесе планетарна слава на полето на науката, знаат за него и како изгледа. Разбушавената коса и екцентричната насмевка се првата асоцијација за неприкосновениот научен гениј.

Меѓутоа, малку кој знае дека за неговата теорија на релативитет да настане, како и за бројни други научни трудови, во голема мера е заслужна и сопругата на познатиот гениј – Милева.

Милева / Фото: Википедија

 Милева била брилијантна физичарка и одлична математичарка и токму таа решила поголем број од математичките проблеми за настанувањето на познатата теорија. Таа со тоа не само што му помогнала на својот сопруг, туку и учествувала во едно од најголемите откритија. Меѓутоа, тој дел од приказната малку кој го знае, исто како и нејзиниот живот покрај Алберт.

Прочитајте и...  Сопругата на Хју Џекмен одговори на гласините дека актерот е хомосексуалец: Оддамна го знам тоа за него!

Приватниот живот на Милева и Алберт Ајнштајн бил се само не убав. Алберт, како и поголемиот број научници, бил преокупиран со своите мисли и идеи, но и кога тоа не било случајот – тој бил многу лош сопруг и татко. Тоа идело до таа мера да прочуениот гениј го криел постоењето на своето семејство и своето прво дете од јавноста.

Алберт и Милева во 1902 година добиле вонбрачно дете, девојче по име Лизел, а според строгите инструкции на Алберт, тоа никој не смеел да го знае и Милева морала да се крие во Србија заедно со нивната ќерка. Алберт никогаш не ја видел својата ќерка.

Се шпекулира дека девојчето, откако Алберт ја принудил Милева да ја остави во Србија и му се придружи во Берн, починало од шарлах. До денешен ден не е докрај разјаснета судбината на првото дете на Алберт, а за неа се дознало дури пред само 30 години, кога биле откриени писмата кои парот ги разменувал во тоа време.

Прочитајте и...  Ново истражување: Пред 4,5 милијарди години Месечината се создала при судир на Земјата со друга млада планета
Милева Мариќ и Алберт Ајнштајн / Фото: Profimedia

Уште подегутантен е фактот за Ајнштајн кој докажува каков човек бил – неговото помало дете Едвард се родило со шизофренија, а прочуениот научник за него велел дека „не е сосема човек“.

Што се однесува до односот на Алберт спрема сопругата, која сето време го поминала помагајќи му во работата и во исто време грижејќи се за куќата и двете мали деца – може да се каже дека бил безчувствителен, бездушен и неправеден.

Пример за тоа е фактот дека кога ја добил Нобеловата награда, премолчел во целост за учеството на Милева во теориите на кои работел, а кои на крајот му ја донесоа наградата. Така што, слободно може да се каже дека Милева Ајнштајн била нобеловец исто колку и Алберт Ајнштајн, но и подобар човек!

Алберт Ајнштајн / Фото: profimedia

Односот на Алберт и Милева бил како рингишпил, но оној кој преферира да се откачи. Прочуениот научник бил ретко дома, си заминувал и се враќал кога ќе му текнело, некогаш дури и со недели го немало, а имал и бројни афери.

Прочитајте и...  Една од најубавите македонски манекенки позира топлес! (ФОТО)

Конечно во 1919 година Милева и Алберт се развеле, а таа останала да живее со своите деца во Цирих во многу скромни услови, скоро на раб од сиромаштија. Алберт не и помагал воопшто, ниту во една смисла, па ни финансиски.

Истата година кога се развел од Милева, Алберт се оженил со Елза Ловентал, со која останал во брак до 1936 година.

Алберт Ајнштајн со сопругата Елза / Фото: Википедија

Милева Ајнштајн починала во 1948 година во Цирих, а нејзината судбина ќе остане запамтена како судбина на една брилијантна и пожртвувана жена, мајка и научник, која била изгубена во мрачната сенка на еден суетен и себичен маж.

За Милева и Анштајн напишани се неколку книги, но посебно се издвојува книгата на американката Мери Бенедикт со наслов „The Other Einstein“, која го опишува животот на Милева во прво лице – од младоста и среќниот почеток со Алберт до заборавањето од страна на светот дека таа воопшто некогаш постоела.

Прочитај повеќе

Се возеа заедно во „бесен“ автомобил: Дара Бубамара повеќе не го крие 21-годишниот бизнисмен! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Маските и визирите задолжителни – Еве како изгледа снимањето на филмовите за време на коронавирусот (ФОТО)

Слободен печат

Анџелина му се осветува на Бред Пит – Не му дозволува да ги види децата

Слободен печат

Каролина Гочева во бикини на 1 октомври: Македонското девојче ужива на плажа! (ФОТО)

Слободен Печат

Не е лесно да си „швалер“: Овој човек мораше да скока преку тераси за да спаси жива глава! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Новата колекција на францускиот бренд Кензо инспирирана од „Медена земја“

Слободен Печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Меган Фокс по разводот повторно среќно вљубена

Слободен Печат

Популарната Сузана Спасовска стана баба: Погледнете какво име доби нејзината внука!

Васко Спасоски

AC/DC повторно заедно, веста за враќањето ја објавија во весниците (ФОТО)

Слободен печат

Струмичката ММА борачка Нина и нејзината свршеница добија ќерка (ФОТО)

Слободен Печат

Мустафа Сандал и Емина Јаховиќ се во војна: Поранешните сопружници се „фатија“ поради новото момче на пејачката! (ФОТО)

Васко Спасоски

Ново истражување: Пред 4,5 милијарди години Месечината се создала при судир на Земјата со друга млада планета

Слободен Печат