Заборавената англиска кралица: Владеела само девет дена, а била погубена на 16 години по наредба на нејзин роднина

Џејн Греј
Џејн Греј / Фото: Profimedia

Лејди Џејн Греј никогаш не очекувала дека ќе стане кралица, иако била во крвно сродство со тогашниот крал. Таа имала само 15 години кога тоа се случило. Четири дена по смртта на кралот Едвард Шести во 1553 година, Грејн се разбудила со веста дека ќе владее со Англија.

Круната на Едвард Шести требало да ја наследи неговата сестра Мери. Меѓутоа, кралот бил побожен протестант и не можел да замисли неговата сестра, која била од католичка вероисповед, да владее со земјата.

Фото: Profimedia

Неколку дена пред смртта, кралот Едвард напишал тестамент во кој ја именувал Џејн Греј за своја наследничка. На тој начин запалил искра која набргу по неговата смрт доведува до вистински хаос во Англија.

Мери речиси веднаш по објавување на оваа вест тргнала во војна со својата роднина.

Девет дена по крунисувањето, Лејди Џејн Греј завршила во затвор поради предавство, била донесена пресуда таа или „да се запали жива, или да и се отсече главата, како што кралицата ќе сака“.

Храбра до самиот крај

По една година, казната навистина била извршена. Џејн Греј прво морала да гледа како му ја отсекуваат главата на нејзиниот сопруг, пишува историчарот Скот Шо-Смит во својата книга „Погубувањето на Тjудoрови“.

Кога дошол редот и Греј да биде погубена, таа на момент делувала доста храбро. Греј рецитирала псалм преку кој го молела Бога за милост, а од џелатот барала само смртта да биде брза.

Фото: Profimedia

Шеснаесетгодишната Џејн Греј не паничела сѐ додека не било наредено нејзината глава да се стави на дрво.

Во тој момент од паника и страв таа извикала: „Што да правам? Каде е дрвото?“.

Набргу лицата кои биле задолжени да ја убијат и објасниле што треба да направи, а потоа џелатот си го завршил своето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот