Заболени од коронавирус лежат на подови по мадридските болници (ВИДЕО)

Шпанските болници се претесни да ги примат заболените граѓани, а доказ за тоа се снимките на социјалните мрежи.

Состојбата со пандемијата на коронавирусот во Европа не стивнува, бројките на заразени и починати пациенти се во пораст.

По Италија, најзагрозена европска земја е Шпанија, која брои 28.603 лица заболени од новиот коронавирус. Досега починаа 1.756 лица, од кои 375 се починати во последните 24 часа.

Шпанските болници се претесни да ги примат новите пациенти, а доказ за тоа се снимки кои се појавија на социјалните медиуми.

На едно од видеата се гледа како новозаразени пациенти лежат на подот додека чекаат да бидат хоспитализирани во болницата Леганес во Мадрид.

Во меѓувреме, за да се справат со се’ поголемиот број на пациенти, Конгресниот центар во Мадрид се трансформира во болница и се очекува ова решение барем малку да им олесни на веќе преполните болници.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот