ЗАБЛУДИ ЗА ХРАНАТА: Дали кафениот е навистина поздрав од белиот шеќер?

шеќер

Секој од нас, секојдневно е „бомбардиран“ од стотици информации поврзани со здравата храна. Голем дел од нив се вистинити, но има и такви што се многу конфузни па дури и лажни. Во обид полесно да разграничиме што е точно а што не, прочитајте ги овие неколку заблуди поврзани со храната.

Додатоци во исхраната

И кај нас и во светот постои понуда од најразлични апчиња, таблети и сл. За нив се тврди дека можат да ги надополнат сите витамини во нашиот организам што не ги внесуваме со храната. Сепак, советите на лекарите и на нутриционистите се дека никој од нас не треба да претерува со внесување витамини во организмот во големи количини бидејќи со тоа можеме да предизвикаме спротивен ефект.

Кафениот шеќер е подобар од белиот

Ова е уште една заблуда поврзана со храната, која е исто така длабоко вкоренета во нашата подсвест. Кафениот е ист како и белиот шеќер. Единствената разлика е во тоа што кафениот шеќер има меласа (густа течност со темна боја, која се користи во индустријата во процесот на производство на шпиритус и квасец).

Главната заблуда се состои во тоа што многумина сметаат дека кафениот шеќер е поздрав од белиот бидејќи не е толку благ.

Алкохолот ги уништува мозочните ќелии

Никој никому нема да му препорача да пие алкохол во недозволиви количини. Сепак, никому нема да му смета ако се напие чаша вино пред ручек или малку ракија со салата пред вечерата. Научниците неодамна докажаа дека алкохолот не влијае врз уништувањето на мозочните ќелии како што многумина мислат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот