Забележани нови сериозни симптоми поврзани со ковид-19 кај најмладите, испратен „итен аларм“ до лекарите во Велика Британија

Фото: EPA-EFE/YAHYA ARHAB

Алармантен извештај од општите лекари, а проследен од HSJ (Health Science Journal – Британски медиум посветен на новости од науката и медицината) вели дека во „последните три недели, се забележува очигледен пораст на бројот на деца од сите возрасти кои доаѓаат во болница со мултисистемска инфламаторна состојба, која веднаш бара интензивна нега. Ова се случува низ Лондон, но и во другите региони на Велика Британија, пишува Business Insider.

Во извештајот се истакнува: „Постои голема загриженост дека воспалителниот синдром поврзан со ковид-19 се појавува кај деца во Велика Британија, или дека можеби станува збор за друг, сè уште неидентификуван, заразен патоген поврзан со овие случаи“.

Малку е познато досега за новиот проблем, ниту колку е распространет овој „нов синдром“, но засега тековниот број на заболени деца не е голем, според изворите од тамошните педијатри. Синдромот има карактеристики на сериозно заболување со ковид-19, но за среќа, бројот на деца заболени или починати од коронавирус е релативно мал. 

„Алармот“ бил предаден на општите лекари во Северен Лондон од клиничка комисија, а бил испратен и на лекари пошироко и проследува како „итен аларм“ издаден минатата ноќ од Здружението за детска интензивна нега. 

Во соопштението проследено до матичните лекари како „итен аларм“ се вели: „Ве молиме, посветете се на децата кои ги пријавуваат овие симптоми, како на итни случаи“.

Во пораките пишува: „Случаите имаат заеднички карактеристики на синдромот на токсичен шок и атипично заболување Кавасаки, со параметри на крв во согласност со сериозно заболување со ковид-19 кај деца.

„Болки во стомакот и гастроинтестинални симптоми се честа карактеристика, како и воспаление на срцето. Ова е забележано кај деца тестирани позитивни на инфекција на ковид-19, како и кај деца кои се негативни на PCR тестовите. Исто така, забележани се серолошки докази за можна претходна инфекција со ковид-19.“

Педијатрите сугерирале дискусија за потенцијални случаи со регионалните педијатри и медицинските тимови кои работат во одделите за заразни болести и интензивна нега.

Сајмон Кени, одговорен во NHS (National Health System – Национален систем за здравство на В. Британија) за грижата децата и младите вели „За среќа, болестите како Кавасаки се многу ретки, а во моментов, ретки се и сериозните компликации кај децата заболени со Ковид-19, но многу е важно болниците и клиниките да бидат свесни и подготвени за сите потенцијални алармантни случаи, како и сите нови врски, како би биле подготвени да им ја пружат соодветната нега на нашите деца и млади луѓе. Советот до родителите останува ист: Доколку сте загрижени за вашите деца од која било причина, контактирајте го Националниот систем за здравство за итен совет, и доколку професионалец ви каже дека треба да одите во болница, ве молам, одете во болница“.

Петгодишно девојче почина од коронавирус во САД, родителите ѝ беа на првата борбена линија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот