Забележан уште еден балон сличен на кинескиот, навлегол во колумбускиот воздушен простор

Колумбија објави дека забележала објект во нејзиниот воздушен простор сличен на наводниот кинески шпионски балон соборен од американската војска над Атлантскиот Океан.
Националниот систем за противвоздушна одбрана откри објект на надморска височина од околу 17.000 метри што влегол во воздушниот простор на земјата во северниот сектор, објави колумбиското воздухопловство. Објектот се движел со просечна брзина од околу 46 километри на час, покажувајќи „карактеристики слични на балон“.
Колумбиските воздухопловни сили го следеа објектот со својот одбранбен систем додека не го напушти нивниот воздушен простор. Тоа не претставува „закана за националната безбедност, одбраната или воздушната безбедност“, соопшти Военото воздухопловство, додавајќи дека сега работи со други земји на откривање на потеклото на објектот.
Вчера , американската војска собори, како што соопшти , кинески шпионски балон во близина на брегот на Јужна Каролина. Пекинг тврди дека се работи за цивилен истражувачки балон кој излетал од курсот.