Забавниот парк „Мега“ во Скопје до 1 јули

Адреналинскиот забавен парк „Мега“ е главна атракција за децата, но и за возрасните. Отворен од понеделник до недела, секојдневно привлекува посетители од целиот град, а за викенди и од целата држава.

Поради големата посетеност и позитивните реакции, паркот „Мега“ во Скопје ќе остане до крајот на јуни. Влезот е бесплатен, а користењето на реквизитите и адреналинските возења чинат од 50 до 200 денари.

Паркот со адреналински атракции се наоѓа на улица „Илинденска“, веднаш до СЦ „Борис Трајковски“.

Најатрактивни возења за посетителите се „Enterprise”, „Star Tower”, „Vortex”, „Kamikaze”, „Pop Stars” и „BreakDance”- сите со високо ниво на адреналин. Сите реквизити се лиценцирани, со што се гарантира нивната безбедност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот