Забавената инфлација во САД ја намали побарувачката на злато

Златен накит злато
Жена пробува златен накит / Фото: EPA-EFE/LUONG THAI LINH

Цените на златото денеска паднаа на азиските берзи како резултат на процената на инвеститорите за влијанието што може да го има намалувањето на инфлацијата во САД врз идните одлуки за монетарна политика на Федералниот резервен систем на САД, пренесе „Политика“.

Златото вчера скокна, откако беше објавено дека американскиот индекс на потрошувачки цени забави повеќе од очекуваното во јули, што укажува на тоа дека од Федералниот резервен систем може да бидат помалку агресивни со зголемување на каматните стапки.

Вчера цената на овој благороден метал најпрвин порасна за 0,8 отсто на 1 807,93 долари, што е највисоко ниво од 5 јули, по што цената почна да се намалува и заврши со пад од 0,1 отсто.

Златото го продолжи својот надолен тренд и денеска на берзата во Сингапур, каде што при утринското тргување цената падна за 0,3 отсто на 1 786,26 долари за унца, пренесува „Блумберг“.

Некои трговци ги намалија своите проценки за зголемување на основната каматна стапка на Федералниот резервен систем и сега предвидуваат зголемување на стапката за половина процентен поен како најверојатен исход од состанокот на американската централна банка следниот месец, додека претходно се очекуваше дека зголемувањето ќе биде 0,75 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот