Забава во Шпанија скапо го чини белгискиот принц, се заразил во ковид-19

Внукот на белгискиот крал Филип, принцот Јоаким, се заразил со ковид-19 откако на 26 мај присуствувал на забава во Кордоба, Шпанија, за која шпанските медиуми објавија дека била организирана спротивно од пропишаните мерки за заштита.

Принцот има 28 години и тој е десетти на списокот за престолонаследници.

Дека се заразил со новиот коронавирус потврдил и портпаролот на кралската палата во Белгија, пренесе „Ројтерс“. Портпаролот рекол дека принцот Јоаким отпатувал во Шпанија, каде е на стажирање и дека сè уште се наоѓа таму во карантин.

Портпаролот рече дека палатата не може да го потврди бројот на луѓе кои присуствувале на забавата.

Шпанскиот весник „Ел Паис“, објави дека на забавата присуствувале вкупно 27 лица и дека била против рестрикциите кои се на сила во Кордоба, каде максималниот број за групирање е 15 лица.

Шпанската полиција започнала и истрага за настанот, а оние кои биле на забавата можат да се соочат со казни од 600 до 1 000 евра.

Сите 27 лица кои присуствувале на забавата се сега во карантин, рече Рафаела Валензуела, регионалниот претставник на шпанската влада во Кордоба, на вчерашната прес-конференција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот