За Зендели владата нема легитимитет: По оставката на Заев, оставка требаше да поднесе целата влада

Фадил Зендели, Беса, Фото: Архива

И за Фадил Зендели од Беса, партија која до неодамна беше дел од власта, дискутабилен е легитимитетот на владата на Димитар Ковачевски.

Според него, се отвора парашањето на легитимитетот и на капацитетот на новата влада.

За Зендели новата влада нема легитимитет откако експремиерот Зоран Заев поднел оставка. Според него, по оставката на премиерот, оставка требало да поднесе целата влада.

Тој оцени дека има стагнација во делот на правдата, ги спомена Орце Камчев и Сашо Мијалков кои пред Нова година биле пуштени во домашен притвор и обвини дека власта со тоа направила компромис со правдата.

Меџити за „Слободен печат“: Нема да гласам за новата влада

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот