За забавна саботна вечер: Ова се најгледаните серии на Нетфликс во моментов

Фото: Pexels/Anastasia Shuraeva

Доколку сакате да ја поминете саботната вечер во домашна атмосфера, добар филм, одлично друштво и вкусни пуканки се секогаш добра идеја.

За среќа, на филмските платформи како Нетфликс секогаш има одличен избор, без разлика дали сакате да гледате нешто фиктивно или документарно.

Во продолжение, дознајте кои филмски наслови се меѓу најпопуларните на Нетфликс, па можеби ќе најдете нешто што ќе ви се допадне вам и на вашето друштво.

„The Mother“

На првото место e филмот „The Mother“, во кој главната улога ја игра латино ѕвездата Џенифер Лопез. Но, ова е малку поинаков филм во однос на филмските остварувања на кои сме навикнати да ја гледаме Лопез.

Таа глуми пензионирана платена жена-убиец, скриена од светот, чија ќерка ја киднапираат за да дојдат до неа.

Нејзиниот лик морал да направи тешка одлука веднаш по породувањето – да се одвои од својата ќерка со цел ќерка ѝ да преживее. Но, 12 години подоцна, духовите од минатото се враќаат…

„Faithfully Yours“

На второто место е филмот „Faithfully Yours“, кој неодамна пристигна на Нетфликс. Станува збор за холандски трилер.

Две другарки, Бодил и Изабел се во, наводно, среќни бракови. Меѓутоа, и двете истовремено се искрадуваат од своите семејства поради своите тајни афери. Една со друга се користат како алиби. Планот би бил одличен и ништо не би се дознало, но… Кога Изабел ја пронаоѓаат мртва, Бодил почнува да се губи во своите лаги.

Лаги, изневерувања, пријателство, тајни – клопчето се расплетува, а Бодил сѐ повеќе се заплеткува во сопствените лаги.

„Blood & Gold“

Овој германски филм беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал „Фантази“ во април годинава, а од неодамна го има и на Нетфликс.

Временскиот период во кој се одвива дејствието на овој филм е при крајот на Втората светска војна. Германски војник ја бара својата ќерка додека војниците на СС трагаат по еврејското богатство.

Филмот е оценет со 6,5 на „IMDb“, а од критичарите доби мешовити критики.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот