За време на викендите дозволено е шетање на милениците од 20 до 20:30 часот

Фото: Драган Митрески

Барањата не сите кои чуваат домашни миленици беше да се направат отстапки во полицискиот час за време на викендите, кој започнува од 16 часот.

За време на викендите, додека трае полицискиот час, сопствениците ќе може да ги прошетаат своите миленици но, строго од 20:00 до 20:30 часот и најмногу до 100 метри оддалеченост од зградите во кои живеат. Притоа, не смеат да се групираат.

Ова се измените на Уредбата за ограничено движење, донесени денеска на владина седница, а ги соопшти попладнево на Твитер премиерот Оливер Спасовски.

– На денешната седница донесовме измени на уредбата за ограничено движење за да им се излезе во пресрет на домашните миленици – за време на викендите дозволено е шетање на милениците од 20:00 до 20:30 часот, најмногу до 100 метри оддалеченост од живеалиштето, без групирање, напиша Спасовски на Твитер.

Ветеринарната комора во саботата за МИА информираше дека доставила официјално барање до Владата за измена на Уредбата. Притоа нагласи дека шетањето на милениците треба да се дозволи, но во строго дефинирани услови и време. Како што изјави претседателот на Комората, Томислав Николовски, во вонредна состојба поради коронавирусот кога здравјето на граѓаните е најбитно, не смее да се занемарат и потребите на животните. Секоја промена во нивните навики, посебно на милениците кои се чуваат во станови, предизвикува дополнителен стрес.

Одобрување милениците да се шетаат и за време на полицискиот час, бараа и здруженијата за заштита на животните во земјава. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот