За време на Велигден: Целодневен „полициски час“ во Виена

Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Главниот град на Австрија, Виена, сериозно го сфаќа „Велигденскотo мирување“, односно целосно заклучување од епидемиолошки причини. Најавено е дека ќе бидат поставени полициски контроли на излезите од градот.

Од утре во сила е заклучување во Виена, во Долна Австрија и во Бургенланд, што предвидува не само затворање на сите продавници, освен храна, аптеки, аптеки, туку и целосен „полициски час“.

Додека овие мерки ќе бидат на сила во Долна Австрија и во Бургенланд до 6 април, Виена ќе ги спроведува, како што е најавено засега, до 11 април.

Бидејќи мерката е ограничена на источниот дел на Австрија, виенските власти воведуваат строги контроли на излезите од градот за граѓаните да не одат во друга провинција што е „отворена“.

Според сегашниот декрет, на граѓаните им е дозволено да ја напуштат Виена само ако одат да го посетат своето семејство или, на пример, на прошетка, пренесува Танјуг.

Забрането е патување во друга провинција каде што се отворени продавници. Засега е нејасно како ќе изгледаат контролите, а единственото што е сигурно е дека тие ќе бидат спорадични во најважните центри. Исто така, ќе има контроли на автопатиштата и цивилните патроли.

Ако некој ја прекрши епидемиолошката регулатива, тоа може да чини најмалку 100 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот