За време на посетата на папата, ѓубрето чувајте го во џеб

Profimedia
Фото: Profimedia

Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ ги информираат жителите од општината Центар, дека во пресрет на апостолската посета на папата Франциск ќе бидат спроведени безбедносни мерки коишто налагаат привремено дислоцирање на садовите за исфрлање на отпадот.

Имено, вечер (6.05.2019 година), околу 22 часот ќе бидат дислоцирани контејнерите на 45 локации на следните булевари и улици: Гоце Делчев, Свети Климент Охридски, Мајка Тереза, Даме Груев, Филип Втори Македонски, ВМРО, Орце Николов, Митрополит Теодосиј  Гологанов, Кирил и Методиј, како и на кејот „13 Ноември“. Дислоцираните садови за исфрлање на отпадот ќе бидат вратени на своите локации околу 22 часот утревечер (7.05.2019 година). 

Од таму апелираат до граѓаните во меѓувреме да се воздржат од исфрлање на комуналниот отпад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот