За време на полицискиот час четворица штипјани се возеле со автомобили

Основното јавно обвинителство Штип со предлози за издавање казнени налози, од судија поединец во Основниот суд Штип побара на четири лица да им изрече парични казни во износ од по 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска противвредност.

-Побараната парична казна е заради сторено кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, предвидено и казниво по член 206 став 1 од Кривичниот законик- се вели во соопштението од ОЈО Штип.

Обвинетите во одделни случаи, се движеле со патнички моторни возила по градот, за време додека во сила бил полицискиот час, воведен со одлука на Владата на Република Македонија , а за заштита и превенција од натамошно ширење на опасната заразна болест предизвикана од коронавирусот – COVID-19.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот