За време на полициски час, ограбен екс играч на Партизан! (ВИДЕО)

фото: принтскрин/твитер

Александар Давидов, поранешен српски репрезентативец не може да поверува дека ова се случи, а воедно вели дека се фатени крадците.

Во тешки времиња и вонредната состојба, поради пандемијата на коронавирусот, проблем повеќе за Александар Давидов (36), докажан фудбалски ас. Во Бач каде што живее, ограбена е неговата менувачница.

Поранешниот фудбалер на белградски Партизан, доживеа голема непријатност.

– За неверување е нешто вакво да се случи во период во кој сите се бориме за здравје, за животите на луѓето. Тоа се случи за време на полицискиот час, и кога ми се јавија на телефон во пет часот наутро, не ми беше сеедно.

Сето тоа се гледа на безбедносните камери, со автомобилот во рикверц го скршија стаклото и влегоа во местото. Ја уништија внатрешноста и го зедоа сефот, како во акционите филмови.

Тие брзо беа фатени и сефот не успеаја да го отворат. Бач е мало место и луѓето се познаваат едни со други. Не можам да поверувам, и тоа во време на вонредна состојба, страшно – рече Давидов.

Во својата кариера во периодот од 2010-2012 година беше дел од беградски Партизан со кој настапуваше и во Лигата на шампионите.

Воедно овој крилен играч запиша и еден настап за најдобрата српска репрезентација во триумфот на пријателскиот натпревар против Јапонија (3:0).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот