За време на полициски час албански државнани влегле во државава и се шетале на Рамазан Бајрам

Тројца албански државјани се приведени во полициски час на територија на Oпштина Маврово Ростуше и против нив се поведени постапки за кривичното дело-непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинителството соопшти дека обвинетите кои се возраст од 31 до 34 години границата ја поминале илегално за што дополнително ќе бидат гонети. Тројцата албански државјани се приведени во неделата на 24-ти мај и оттогаш се во притвор.

– Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, со цел да се обезбеди нивното присуство во текот на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител на Основниот суд Гостивар му предложи за лицата да определи мерка притвор. Судот го прифати ваквиот предлог и на обвинетите им определи притвор во траење од осум дена, соопшти обвинителството во Гостивар.

Прочитајте и...  Уапсени крадци на велосипеди во Скопје

Во областа за кое е надлежно гостиварското обвинителство уште 8 граѓани од кои еден малолетник се обвинети за прекршување на забраната за движење и е побарано да платат по 100 дневни глоби како казна.

Прочитај повеќе

Поради отказ се заканувал дека ќе ги „дигне“ во водух автобусите и вработените во туристичка агенција

Слободен печат

Уапсени крадци на велосипеди во Скопје

Загина совозач на патот Велес-Прилеп

На патот Брвеница-Тетово повреден велосипедист од моторџија кој го напуштил местото на инцидентот

Слободен печат

Тешко повреден пешак во Скопје

Двајца повредени во сообраќајка кај Желино

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Охриѓанец наместо да седи во изолација предизвикал тепачка

Слободен печат

Скопјанец утрово со секира ја нападнал сопругата, па бил пронајден мртов во нива!

Слободен печат

Повреден полицаец од Куманово кој се обидел да уапси штипјанец

Слободен печат

Воз удри во пешак кај Визбегово

Загина возач од Стојаково

Странец паднал од зграда во изградба