За време на двата карантина во Грција: Граѓаните испратиле 775 милиони СМС пораки за движење

Грчко полициско возило за време на полициски час / Фото: EPA-EFE/ALEXANDROS VLACHOS

За време на двата карантини во Грција, односно во периодот од март до мај минатата година и од ноември до сега, Грците испратиле 775 милиони СМС пораки за движење, објави заменик-министерот за дигитална политика, Георгиос Георгадас, јави дописничката на МИА од Атина.

Како за првиот, така и за време на вториот карантин што е во сила од 7 ноември лани, испраќањето СМС порака на специјален број е задолжително за граѓаните при секое излегување од дома и треба да одберат една од шесте опции што се на располагање. 

Одговарајќи на пратеничко прашање во парламентот, Георгадас рече дека Грција, наместо потврда за движење на хартија, на граѓаните им обезбедила можност тоа да го сторат со смс пораки, за да добијат во време.

– Замислете да имавме залудно потрошени 775 милиони хартиени потврди, 775 милиони листови хартија, истакна надлежниот заменик-министер и додаде дека никој не покренал прашање за кршење на законот за личните податоци, бидејќи по добивањето одговор на пораката се бришат сите архиви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот