За влез и излез од земјава: Се воведува ПЦР тест, вакцинален сертификат или доказ за прележаност 

ГП Табановце / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

За сите македонски и странски граѓани кои влегуваат и излегуваат од земјава, ќе се бара ПЦР тест, доказ за прележаност или вакцинална потврда на граница, најави министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција.

Оваа мерка била дискутирана на кризниот штаб утринава а ќе се најде на владина дискусија утре. Ќе се извести дополнително од кога ќе почне да важи оваа мерка, а за нејзината имплементација клучно било тоа што голем дел од граѓаните се надвор од државата на одмор.

Во Тетово не се воведуваат дополнителни мерки иако таму е критично во поглед на хоспитализациите. Има 90 граѓани во тетовската болница, во Гостивар има 70 а во Инфективната клиника во Скопје има 95.

За луѓе што се имунокомпромитирани, ќе се препорача и трета доза вакцина, најави Филипче. Тоа стигнало како најава од претседателката на Комитетот за имунизација доктор Александра Грозданова.

Филипче коментирајќи го вчерашниот антивакцинален протест, рече дека никој не е присилен да биде вакциниран.

– Вакцините се безбедни. За 20 пати се намалува ризикот од смртен исход. Во иднина ќе има нови соеви и вака ќе се бориме и против нив.Во однос на протестот сум разочаран, Не слушнавме реторика или порака во однос на вакцините. За жал беше полн со навреди, закани и здравствените работници кои ги ризикуваа животите за здравјето на пациентите и ги ризикуваат животите деноноќно. Веруам дека сепак пораката за безбедноста на вакцинацијата и важноста да се заштити јавното здравје како врвен приоритет да им биде јасна на граѓаните. Ќе побарам Лекарската комора да го осуди тоа што се случи на протестот, рече Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот