За влакно избегната голема несреќа на концертот на Северина (ВИДЕО)

Instagram

Северина синоќа имаше концерт во Белград во арената „Штарк“, а меѓу толпата фанови присуствуваа и голем број јавни личности кои споделија видеа и фотки од атмосферата на социјалните медиуми.

View this post on Instagram

Severina raspametila Beograđane! #magictour

A post shared by Zvezde Granda SPECIJAL (@zvezdegrandaspecijal_official) on

Сепак, на самиот почеток на концертот се случила незгода, која за среќа брзо била решена. Севе излегла на сцената, музиката почнала, но одеднаш се слушнале вресоци во салата.

„Рефлекторот пукна, а стаклото се разлета право на публиката. Девојките вреснаа, како што видовме, малку ги повреди скршеното стакло, а обезбедувањето веднаш ги тргна“, открил очевидец за Свет познатих.рс.

„Откако беше избегната несреќата, обезбедувањето остана да стои во редот каде што имаше скршено стакло за никој да не се повреди, додал очевидецот.

Настапот продолжил веднаш по малиот инцидент, а Инстаграм е преплавен од луѓе кои биле на концертот. Како што пишуваат на споделените видеа и фотки, во Штарк арената вчера ноќта била „навистична магична“, баш како и насловот „The magic tour“ на концертната тура на Северина.

View this post on Instagram

Severinina magija u Areni! ?

A post shared by Nikad nije kasno (@nikad_nije_kasno_official) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот