За Владата „прилично разумен“, за опозицијата апсурден – што подразбира новиот закон на Орбан

Унгарскиот парламент оваа недела ќе го разгледа вонредниот закон кој на премиерот Виктор Орбан би му овозможил широки овластувања за владеење по пат на декрет, без јасен креаен датум.

Декретот денес во погоелмиот дел од земјите најчесто е привремена мерка на властите бидејќи не е изгласан во парламентот. Во САД, на пример, се вообичаена мерка која претседателите jа донесуваат кога некој закон не успее да им помине низ редовната процедура која ги вклучува Конгресот и Сенатот.

Намерата на законот е да ја продолжи вонредната состојба објавена на почетокот на месецот поради избивањето на новиот коронавирус, но поради него би можеле во затвор да завршат и луѓе поради ширење на информации кои ќе се прогласат како лажни вести, пишува британски „Гардијан“. Унгарската влада овој чекор го претстави како неопходен одговор на предизвиците кои ги претставува пандемијата на новиот коронавирус, но критичарите сметаат дека законот е подложен на злоупотреба.

Прочитајте и...  Државата во 42-часовен карантин

– Не можете да имате потполно неограничен мандат на владата, а моменталниот нацрт тоа го овозможува – истакнува Марта Пардави, копретседателка на Хелсиншкиот комитет на Унгарија.

Во неделата четири унгарски невладини организации, вклучувајќи го и Хелсиншкиот комитет, ја повикаа владата да уфрли клаузула на итните мерки и да го прошири просторот за промени со оглед на уредбите донесени во него. Новиот закон исто така би вовел затворски казни до пет години за оние кои јавно објавуваат лажни информации кои ја вознемируваат јавноста или ги попречуваат владините напори да ги заштитат луѓето.

Ова предизвика немир меѓу независните новинари, кои владата често ги обвинува за објавување на лажни вести.

Портпаролот на Орбан, Золтан Коваќ рече дека јасен краен датум нема во случај парламентарците премногу да се разболат за да ја одржат седницата.

Прочитајте и...  Популарноста на Макрон се намалува, а на Филип се зголемува

– Обидите законот да се претстави како закана за слободните медуми се неодговорни. Животи се во прашање – наведе тој на Твитер, додавајќи дека законот е „прилично разумен“.

Јавноста, како што наведува „Гардијан“, делумно е вознемирена поради „досието“ на владата на Орбан во изминатите денцении. Критичарите и активистите ја обвинуваат владата дека ги намалува демократските норми и го поткопува владеењето на правото.

– Последните десет години послужија како доказ дека унгарската Влада ги искористува и злоупотребува своите можности за да ги ослабе иституциите кои служат за проверка на нејзините овластувања, кога и да има можност за тоа – велат од тинк-тенкот „Политикал Капитал“ во Будимпешта.

На Владата ѝ се потребни четири петини од гласовите за да го „избутка“ законот оваа недела, но ако не добие поддршка од опозициските партии може да го донесе недела дена подоцна со двотретинско мнозинство, со кое партијата Фидес на Орбан командува во парламентот, укажува „Гардијан“.

Прочитајте и...  Во Грција основните училишта и градинките се отвораат од 1 јуни

Во Унгарија до вечерва се потврдени 167 случаи на коронавирусот и седум жртви, што е значително помалку во однос на соседна Австрија и многу други западни европски држави. Дел од причината за малите бројки можеби лежи во пониските нивоа на тестирања. Унгарија, која има речиси 10 милиони жители, досега спроведе околу 4.000 тестови.

„Гардијан“ потсетува дека Орбан во изминатите години управувал со државата со националистички, анти-имиграциски платформи, а веќе направил поврзување меѓу миграцијата и вирусот.

Унгарија веќе воведе неколку мерки против епидемијата. Минатиот понеделник ја затвори земјата за странски државијани, ги затвори училиштата и факултетите, додека рестораните и продавниците работат ограничено. Меѓутоа, се отвора прашањето колку тие рестрикции ќе бидат ефикасни и дали унгарскиот здравствен систем ќе биде во состојба да се справи со зголемен број на заболени.

Прочитај повеќе

Кој е посилен од државата?

Чулев: СВР Струмица ги истражува донациите и дали лицата кои ги делеле ги почитувале мерките за Ковид-19

Слободен печат

Кумановци горди на двајцата доктори сограѓани беа дел од тимовите за трансплантација на срце и бубрези

Слободен печат

Протести во Минск против кандидатурата на Лукашенко за шести мандат

Слободен печат

Во Грција основните училишта и градинките се отвораат од 1 јуни

Слободен печат

Манчевски: Ако нема избори на 21 јуни, тогаш мора да се продолжи вонредната состојба

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Се слави во Чаир: Оро за време на полициски час? (ВИДЕО)

Слободен печат

Скоро пет и пол милиони лица заразени со Ковид-19

Слободен печат

Земјотрес го погоди Иран, најмалку 6 лица повредени

Слободен печат

Јовески: Поради новонастаната состојба одредени дејствија се одлагаат или не се преземаат

Слободен печат

Најмалку 107 лица заразени со коронавирус на миса во Франкфурт

Слободен печат

Драма во Сараево: Мечка се бори за својот живот, едно младенче е фатено, другото се уште се бара (ВИДЕО)

Слободен печат