За Виландер, Новак е главен фаворит на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ/ фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Одличниот настап на последните два турнири од АТП мастерс серијата 1000, беа доволни за Новак Ѓоковиќ повторно да биде главен фаворит за титулата на Ролан Гарос, според поранешниот гренд слем шампион Матс Виландер.

Швеѓанецот кој сега работи како аналитичар на телевизијата „Евроспорт“, смета дека Новак со победата на мастерсот во Рим и пласманот во полуфиналето во Мадрид покажал дека е голем фаворит за триумф на вториот годинешен гренд слем турнир.

– Триумфот во Рим ќе му даде самодоверба на Новак, а згора на тоа мислам дека во себе има некое чувство за освета по сè што му се случуваше од почетокот на годината кога беше депортиран од Австралија. Тој во Париз е бранител на трофејот и е голем фаворит годинава за нов триумф – смета Виландер.

Според Виландер, младиот Шпанец Карлос Алкараз ќе биде најголемата закана за Ѓоковиќ доколку Рафаел Надал поради повреда го пропушти настапот на Ролан Гарос.

– Никогаш не сум тенисер да игра толку добро како Карлос. Тој е доста емотивен, но во исто време има добар став, делува опуштено на терените и тотална спротивност од тоа што го гледаме кај Надал. Надал никогаш не изгледа опуштено и има најдобар натпреварувачки став што сум го видел, додека Карлос има поинаков менталитет и ги покажува сите позитивни страни – вели Виландер.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот