За викендот санкционирани над 180 возачи

Сообраќајна контрола / Фото: Архива на Слободен печат

За време на викендот 186 возачи се санкционирани бидејќи возеле побрзо од дозволеното, а 54-ца управувале моторно возило пред да се стекнат со возачка дозвола.

Билтенот на СВР Скопје покажува дека од сообраќај се исклучени и 18 возачи кои возеле под дејство на алкохол, како и девет возачи почетници. Сообраќајната полиција исклучила од сообраќај и 40 нерегистрирани возила.

Викендов се случиле 19 сообраќајки од кои во 12 е причинета материјална штета, а во седум имало повредени лица. Со тешки телесни повреди се здобиле еден возач на мопед и сопатник на мопед, а со полесни повреди биле 12 лица.

Евидентирани се и 11 возачи кои поминале на црвено светло и 20 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле.

За некористење на заштитен шлем санкционирани се 40 возачи на мотор, мопед и мотоцикл, како и 10 пешаци кои не поминале на обележан пешачки премин.

Сообраќајната полиција издала 116 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак” подигнати се 89 возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот