За викендите ќе биде штама во Србија, рестриктивните мерки стапуваат насила од петок

epa08811693 A woman wears a protective visor in Belgrade, Serbia, 10 November 2020. Serbia is witnessing a rise in coronavirus infections prompting the government to consider new restrictions. EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Србија воведе нови мерки кои треба да бидат усвоени од Владата в четврток и да стапат на сила в петок. Во изминатите 24 часа во Србија починаа 48 пациенти од коронавирус, додека 7.999 се новозаразени, објави денеска тамошното Министерството за здравство, пишува „Бета.рс“

Рестриктивните мерки предвидуваат дека угостителските објекти и продавниците, рестораните, кафулињата, трговските центри, игротеките, обложувачниците и сите други продажни и трговски објекти ќе работат до 17 часот, а за викенд воопшто нема да работат – од петок во 17 часот до понеделник до 5 часот наутро.

Продавниците за храна ќе може да работат секој ден до 21 часот и за викенд, а вежбалниците и кината ќе работат до 17 часот секој работен ден и за време на викенд.

Мерките ќе бидат на сила две недели.

Вкупно 1.652 лица починаа во Србија од почетокот на епидемијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот