За викенди и државни празници бесплатен паркинг кај „Дом на печат”

Паркинг/ Фото: МИА

За време на викендите, сабота и недела, и на државни празници, на јавното паркиралиште „Дом на печат” рампите ќе бидат кренати и паркингот ќе биде бесплатен, информираат од Град Скопје.

Како што велат оттаму, одлуката се должи на повторното ставање во употреба на жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст и можноста бесплатно да се возат во автобусите на ЈСП на линиите со број 25 (Транспортен центар – Средно Водно), број 25А (Автомакедонија – Средно Водно) и број 25Б („Дом на печат” – Средно Водно)

Дополнуваат дека на јавното паркиралиште зона А0, на Средно Водно, за време на викендите (сабота и недела) и државните празници, ќе биде зголемен бројот на контролорите за паркирањето и на инкасантите за наплата.

Градот Скопје апелира до граѓаните своите возила да ги паркираат исклучиво на обележаните паркиралишта во градот и да го чуваат зеленилото и јавните површини од оштетување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот