За Велигден и Први мај нема да поскапи свинското месо!

Ефтим Шаклев од Групацијата производителите вели дека сакаат македонските граѓани претстојните празници да ги поминат релаксирано и со богата трпеза. Цената не ја зголемуваат и покрај тоа што во соседните земји и во земјите на ЕУ порасна за минимум 30 отсто.

„Зголемувањето на цената на европскиот пазар за минимум 30 отсто се должи на големата побарувачка на свинско месо од Кина. Штом има побарувачка, расте и цената“, изјави Шаклев.

Тој засега не открива дали по празниците ќе има поскапување, само вели дека договори ќе има.

Производителите остануваат на барањето за декларацијата на месото во угостителските објекти и продавниците, а своите решенија заедно со Организација на потрошувачи ќе ги презентираат по претседателските избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот