За утрешниот протест на албанската опозиција ангажирани над 1.200 полицајци

Албански полициски службеници
Албански полициски службеници / Фото: EPA-EFE/MALTON DIBRA

За безбедноста на утрешниот протест на албанската опоцизија, кој е закажан за 19 часот пред зградата на владата, ќе бидат ангажирани над 1.200 полициски службеници.

Тие ќе бидат во кордони околу владата и други државни институции, додека припадниците на специјалната единица „Шќипоња“ и на онаа за брзо распоредување ќе бидат позиционирани во близина.

Повеќе контролни групи ќе бидат стационирани на влезовите во Тирана. Ќе бидат контролирани возилата и патниците да не носат огнено оружје, тврди предмети и пиротехнички средства.

На протестот ќе бидат ангажирани и агентите од секторот за антитероризам, кои ќе ги надгледуваат лицата за кои постојат сомненија за можни терористички акти.

Влезната врата на владата и прозорците се покриени со пластифициран лим, со цел да се оневозможи учесниците во протестот да влезат во објектот.

Премиерот Еди Рама нема да биде во зградата. Претходно, тој најави дека ќе биде во Валона на свеченост по повод завршување на инфраструктурен зафат.

Протестот што го организира Сали Бериша, поддржан и од дел од граѓанскиот сектор, се одржува под мотото „Албанија во опасност – Не вели што ќе ми е мене“.

Извор: МИА

Ден пред „епскиот протест“: Бериша му порача на Рама што побрзо да си даде оставка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот