За Украинците, беспилотните летала „Бајрактар“ се бескорисни во Донбас – бараат да им се достават авиони Ф-16

Бројните руски противвоздушни и одбранбени системи во источна Украина сѐ повеќе ја ограничуваат ефикасноста на украинските беспилотни летала, поткопувајќи ја важната воена способност на Украина, се наведува во извештајот на Американскиот институт за проучување на војната.

Џек Деч од магазинот „Форин полиси“ цитираше неколкумина анонимни украински функционери и воени лица, кои велат дека украинските сили во голема мера ја прекинале употребата на турските беспилотни летала „Бајрактар“, кои со голем ефект се користеа порано во војната – сето тоа поради подобрените капацитети на руската воздушна одбрана.

Исто така, украинските власти, наводно, се повеќе се загрижени дека американските беспилотни летала Греј Игл (Grey Eagle), за кои се шпекулираше дека САД би можеле да му ги донираат на Киев, исто така ќе бидат лесни цели за руските системи за противвоздушна одбрана над Донбас, пренесува Јут арњи лист.
Овој факт беше потврден и од неколкумина украински пилоти кои признаа дека турските Бајрактари се практично бескорисни кога ќе се соочат со подобрената руска воздушна одбрана. Тие јасно ставија до знаење дека повеќе ги интересира каков било план, да бидат обучени на помодерни западни борбени авиони, како што се Ф-16 од американско производство.

Нивните коментари се чини дека укажуваат на поширока тековна дебата меѓу пилотите и високото раководство за приоритетите кога станува збор за зајакнување на воздухопловните сили на Украина.

Украинските сили, наводно, ги намалиле операциите на 20 до 30 летови дневно и се соочуваат со недостиг на достапни авиони за активни пилоти.

Руските сили веројатно претпочитаат распоредување противвоздушна одбрана во источна Украина со цел да ги оневозможат бобрените операции на украинските авиони и да ги заштитат артилериските системи на кои руските сили се потпираат за да постигнат напредок, пишува Институтот за проучување на војната.

Сепак, украинските воздухопловни сили и вооружените беспилотни летала се уште се активни на другите делови од бојното поле, па минатата недела извршија неколку успешни напади врз цели во регионот Керсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот