За убиецот од Ново Лисиче 30 дена притвор

Основно јано обвинителство/ фото: Слободен печат / Драган Митрески

Притвор во траење од 30 дена му е определен на осомниченот за убиството на 17- годишниот Никола Христовски, што се случи завчера во населбата Ново Лисиче во Општина Аеродром, соопшти денеска Јавното обвинителство.

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 18 годишник осомничен дека сторил кривично дело „убиство”..

„ Осомничениот, со употреба на опасно орудие – нож на расклопување, лишил од живот едно оштетено лице. Настанот се случил околу половина час по полноќ на 14 август, на улицата „Февруарски поход” во населбата Ново Лисиче. По претходна расправија меѓу 18-годишниот осомничен и негов другар од една страна и поголема група лица од друга страна, осомничениот се дал во бегство кон зградите во населбата. Неколку лица трчале по него и во момент кога му се доближиле, тој го извадил ножот со кој на оштетениот му задал еден удар во пределот на градниот кош. Повредениот бил пренесен во болница, каде подоцна починал“, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Обивнителството ценејќи дека осомничениот може да избега или да влијае врз сведоците, достави предлог за мерка притвор, а надлежен судијата го прифати ваквиот предлог и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Убиениот Христовски до неодамна беше член на Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот