За три минути распродадени влезниците за борбата на Мекгрегор

фото: твитер

Конор Мекгрегор се враќа во октагонот на 18. јануари, кога во „Т-Мобајл“ Арената во Лас Вегас (САД) ќе ги одмери силите против Доналд Серон.

Настанот „УФЦ 246“ привлекува големо внимание, истиот ден на 18. јануари Ентони Петис ќе се бори против Холи Холм.

Но, без сомнение сите погледи повеќе ќе бидат насочени кон борбата на Ирецот Мекгрегор против „Каубојот“ Серон од САД.

Влезниците за „УФЦ 246“ чинат помеѓу 350. и 1.500 долари, а распродадени за само три минути.

Се верува дека овој настан кој ќе се одржи во Лас Вегас може да сруши некои рекорди кога станува збор за заработката.

Потсетување дека во својата последна борба Мекгрегор беше поразен од Хабиб Нурмагомедов на „УФЦ 299“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот