За три месеци граѓаните ќе поделат над 3 милиони евра од МојДДВ

фото: Слободен печат/А. Мемети

Oд УЈП соопштија дека заврши првото тримесечје од реализацијата на мерката поврат на 15% од пресметаниот ДДВ којашто се спроведува согласно Законот за враќање на дел од ДДВ на физичките лица.

– Од воведувањето на мерката на 1.07.2019 до 30.09.2019 година регистрирани се 170,378 корисници на апликацијата МојДДВ, скенирани се 22.670.713 фискални сметки, остварен е промет од 11.423.978.620 денари, вкупен ДДВ 1.241.434.628 денари додека повратот на 15 % од пресметаниот ДДВ изнесува 186.215.194 денари, односно 3.028.000 евра – велат од УЈП.

Средствата од повратот остварен во месеците јули, август и септември 2019 година, според Законот на граѓаните ќе им бидат исплатени на нивните трансакциски сметки до крајот на декември 2019 година.

Натаму ќе следува исплата во текот на месец февруари за месеците октомври, ноември и декември, во април за месеците јануари, февруари и март, во август за месеците април, мај и јуни и во ноември за месеците јули, август и септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот