За транзит низ Македонија не е потребен ПЦР тест

Фото: Слободен печат /Драган Митрески

Државјаните на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, како и дипломати, членови на нивните семејства и граѓани со двојно државјанство од овие држави, при транзит низ Северна Македонија не треба да приложат ПЦР тест за Ковид-19 не постар од 72 часа како што е правилото за останатите државјани на ове земји.

Според насоките на Владата и министерствата за здравство, за внатрешни и надворешни работи, објавени на 10 јули, за транзит низ земјава граѓаните на четирите држави при влез на граничен премин за воздушен сообраќај, од Меѓународен Аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле” во Охрид, не е потребно да приложат медицинска потврда од направен ПЦР тест, туку е потребно само да потпишат изјава и во рок од три часа мора да ја напуштат територијата на државата.

При влез на копнен граничен премин, со цел излез на граничен премин за воздушен сообраќај, од Меѓународен Аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле” во Охрид, потребно е задолжително да прикажат авионски билет (електронски билет) и да потпишат изјава за транзит и во рок од три часа мора да ја напуштат територијата на државата.

Финските власти вчера соопштиja дека 24 од 157 патници кои во саботата од Скопје со авион пристигнале во Турку биле позитивни на Ковид-19. Повеќето од патниците се од Косово и Финска, а само двајца од Македонија.

Ниту еден од позитивните патници на македонскиот лет за Финска немал решение за изолација

Македонското Министерство за здравство по извршените проверки за сите патници, информира дека никој од нив не е регистриран во базата на позитивни случаи со Ковид-19 во нашата земја, што значи немаат решение за изолација како позитивни од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот