За техничката влада и изборниот модел треба да има согласност од власта и опозицијата, смета Пендаровски

Скопје, 13 август 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Претседателот Стево Пендаровски смета дека укинувањето на техничката влада и промената на изборниот модел треба да се прави со согласност на власта и опозицијата за да се постигне доверба во тие процеси.

– Јас како партија на власт, ако ме прашувате, не би се осмелил да одам во унилатерално менување или бришење на техничката влада се додека опозицијата нема верба дека ти на власт ќе направиш фер и демократски избори, сосема небитно што вели ОБСЕ/ОДИХР, изјави Пендаровски во вечерашното интервју за Канал 5.

Вели дека би требало да се размисли за задржување на концептот на техничка влада што би можел дополнително да се уреди по примерот на држави со поголема демократска традиција.

– Техничка влада има во држави со голема традиција, но таму е фул техничка влада. Кај нас е само 4-5 ресори, заменик-министер, министер заменик кај што се вкрстува. Грција на пример, има влада последните месец, два, само од бирократи во сите ресори. Јас дури би одел и кон комплетна техничка влада, сите 15-20 ресори да бидат административци за кои ќе се согласиме кои ќе бидат, кажа Пендаровски.

Техничката влада, според него, би била корисна зашто би ги канализирала политичките расправии меѓу власта и опозицијата.

– Што е пологично од тоа опозицијата и власта во очи на избори да се расправаат во влада? Нека се расправаат. Што бараме сега ние, идеално, сите исто да мислат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со иста влада исто да мислат. Не треба да мислат исто, ама нека бидат во иста влада и нека се расправаат на владини седници, изјави претсдеателот Стево Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот