ЗА СВЕТСКИТЕ БОГАТАШИ НЕМА КРИЗА: Расте бројката на луѓе кои на сметката имаат повеќе од 30 милиони долари

Фото: Профимедиа

Бројката на ултрабогати луѓе во светот и понатаму расте. Според годишниот извештај на „Wealth-X“, во 2018 година бројката на оние кои имаат погатство поголемо од 30 милиони долари пораснала за 0,8 отсто, односно 265.490 луѓе.

Убедливо највеќе богаташи има во Соединетите Американски Држави – 81.340 луѓе, потоа во Кина (24.965) и во Јапонија (17.855).

Вкупното богатство на овие луѓе во САД сега изнесува 9,8 илјади милијарди американски долари, додека во Кина вкупното богатство на ултрабогаташите е 3,8 илјади милијарди американски долари.

Сепак, кога ќе се погледне застапеноста на ултрабогати луѓе во однос на бројот на жители, тогаш помалите држави го преземаат овој луксузен трон. Во Хонгконг живеат 1.364 ултрабогати лица на еден милион жители, во Швајцарија 848, а во САД „само“ 306.

Градот во кој живеат највеќе ултрабогати лица е Њујорк. Во 2018 година, во „Големото јаболко“ имало 8.980 луѓе кои на своите сметки имале најмалку 30 милиони долари. Само 30 помалку има Хонгконг (8.950), кој се наоѓа на двете листи поради тоа што се води како посебен административен регион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот