За Султанот Сулејман тоа било љубов на прв поглед: Последната желба на Хурем само ја докажала нивната љубов!

Профимедиа

Малку кој знае дека прочуената султанка Хурем, сопругата и најголемата љубов на султанот Сулејман, родена е како Александра Анастасија Лисовска. Таа била родена на територијата на денешна Украина и израснала во православно семејство. Нејзиниот татко бил свештеник, пишува магазинот Стил.

Таа исто како и многу други девојки во тоа време била однесена во Османлиското царство како бело робје. Легендата вели дека Александра му била подарена на Сулејман од страна на големиот везир Ибрахим паша, и дека така стигнала до султановиот харем кој имал околу 300 робинки. Исто така, легендата вели дека султанот се заљубил во неа уште истиот момент кога ја здогледал.

Султанот бил воодушевен од нејзината харизма, мудрост и начин на размислување, па набргу ја земал за блиска придружба, а потоа и за жена. Таа преминала во исламот и на Сулејман му родила шест деца. Иако имал уште три сопруги, се верува дека Хурем ја љубел најмногу, дека и удоволувал се и дека поради тоа таа имала големо влијание на политиката во Османлиското царство.

Профимедиа

Заедно преживеале многу среќни и тажи моменти, губење на синови, венчавка на ќерки, раѓање на внуци… Нивната љубов се смета за една од најголемите кои историјата ги памти.

Последната желба на султанката Хурем

Пред смртта на Хурем, парот некое време бил раздвоен. Кога се сретнале после долго време, Сулејман ја однел да ги види работите на новата џамија и тогаш и кажал дека неговата душа е таму, и дека срцето ќе му остане засекогаш во таа градба.

Сулејман за време на животот ѝ ги исполнил сите желби, но последната желба го погодила до срж и последен пат покажал колку голема била неговат љубов со Хурем.

Знаела дека ќе почине и го замолила султанот да и таа засекогаш почива на местото каде што рекол дека неговото срце и неговата душа секогаш ќе бидат – во таа џамија, која го добила називот Сулејман.

Желбата и била исполнета, а и самиот Сулејман ја добил својата последна желба после смртта – да го закопаат покрај неа во истата џамија.

Сулејман ја надживеал Хурем осум години, и после нејзината смрт во неговиот живот немала ниту една жена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот